АЛЕКСАНДАР Ⅳ

АЛЕКСАНДАР Ⅳ (Бабилон, 323 пр.н.е. – Амфипол, 310/9 пр.н.е.) – последниот македонски цар од македонската династија Аргеади, син на Александар Ⅲ Македонски и на Роксана (роден три месеци по смртта на татко му). Владее заедно со формалниот наследник, чичко му Филип Ⅲ Аридај, убиен во 317 г. По наредба на Касандар, Александар Ⅳ е убиен заедно со мајка му во Амфипол. ЛИТ.: Диодорус Сицулис, 12 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1963; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје 1995. А. шук.