АЛБАНСКИ ПЛИТИЧКИ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

АЛБАНСКИ ПЛИТИЧКИ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (1908–1909). По воспоставувањето на парламентарниот систем со воведувањето на Уставот во отоманската држава во 1908 г. во вилаетските центри во Македонија Скопје, Битола и Солун, потоа и во Дебар биле основани и албански политички клубови. Клубот во Скопје бил основан во почетокот на септември од офицери во војската и чиновници во вилаетските органи на власта на отоманската држава. И Солунскиот албански клуб бил основан и раководен од личности на високи државни служби. Солунскиот клуб до пролетта 1910 г. го раководел Митхат Фрашери, директор на Политичкото одделение на вилаетската управа. Двата албански клуба ја претставувале проотоманската струја. Битолскиот албански клуб „Единство” ја претставувал националната струја, имал раководна улога на целиот Зградата каде што се одржал еден од конгресите за албанската азбука (Битола, 1908) јужен и централен дел од Албанија (земјата на Тоските). Секој од клубовите имал своја програма и дејствувал самостојно. Главно прашање во дејноста на клубовите било отворање училишта и образование на албански јазик и писменост. По иницијатива на Битолскиот клуб, во Битола се одржал албански конгрес (14–21. XI 1908) со учество на 32 делегати, за прашањето на албанската азбука. На Конгресот не била постигната согласност и прашањето за азбуката останало отворено. Латиничната азбука, приспособена на фонетските особености на албанскиот јазик, постепено ги истиснувала: арапската азбука во северниот и грчката во јужниот дел на Албанија. Во 1909 г. во клубовите биле формирани и тајни комитетити за организирање оружени акции. По донесувањето на Законот за забрана на политичкото дејствување, Солунскиот и Битолскиот клуб ја прекинале дејноста, а Скопскиот клуб присилно бил растурен (28. XI). Во декември 1909 г. забранетиот албански политички клуб во Скопје се конституирал како „Просветен клуб”. ЛИТ.: Ил. Гологанов, Младотурците и албанците, „Българска сбирка”, кн. 7, София, 1912; И. Сенкевич, ОсвободителÝное движение албанского народа в 1905–1912, Москва, 1953; Манол Пандевски, Политички партии и организации во Македонија (1908–1912), Скопје, 1965. К. Мин.