АДВОКАТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АДВОКАТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. – основана со Решение на Владата на ДФМ од 13. Ⅵ 1945 г. Со Законот за адвокатурата од 2002 г., АКРМ се определува како самостојна и независна установа. Највисок орган на Комората е Собранието, а раководен орган е Управниот одбор. Акти на Комората се: Статутот на АКРМ, Правилникот за дисциплинска одговорност на адвокатите и Кодексот за професионална етика на адвокатите. Од 1995 г., Адвокатската комора е полноправен член на Интернационалната унија на адвокатите, од 2001 г. е примена за член-набљудувач во Советот на адвокатските комори и правни друштва при Европската унија, а од 2002 г. е полноправен член на Асоцијацијата на адвокатските комори од државите на Црноморскиот регион. Прв претседател на Адвокатската комора е Георги Хаџи Манев, адвокат од Велес (1951-1955), а сегашен претседател е Ненад Јаниќиевиќ, адвокат од Скопје (од 2000). ИЗВ.: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), АКРМ, Скопје, 2005. Св. ш. и Гор. Л.-Б.