АГЈЕЈ, Сачидананд Хирананд Ватсјајан (Сацхидананд Хѕрананд Ватсѕаѕнан Агеѕ) (Лакно, Индија, 7. Ⅴ 1911 – Њу Делхи, 8. Ⅲ 1989) – најзначаен индиски поет на хинд-ски јазик; во литературата влегува со прекарот Агјеј (незнајниот или оној што не може да се долови). Автор е на 15 книги поезија, три романи и повеќе збирки есеи. Бил уредник на списанија и автор на антологии. Неговата лирика се одликува со длабок интимизам и филозофски проблесоци. Во 1983 година го добил Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. БИБ.: Трепет, Острови во струјата, Миг на зелената трева, Гласник на поразот, Лудиот ловец, Знаци и молчења.ЛИТ.: Анте Поповски, Кон поетскиот опус на Агјеј, Песни, СВП, Струга, 1983. П. Гил.