АВРАМОВ, Крсто (с. Тресонче, 1866 – Скопје, 1939) – зограф, син на Аврам Дичов од с. Тресонче. Учел од својот татко и работел со него до 1890 г. Од малкуте податоци за неговата активност се знае за црквите „Св. Вознесение” во с. Извор и „Св. Троица” во с. Бојница, обете во Видинско, и за неколку дела во Северозападна Бугарија. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 189–190.В. П.-К.