АБДУЛ МЕЏИД Ⅰ

АБДУЛ МЕЏИД Ⅰ (Истанбул, 23. Ⅳ 1823 – Истанбул, 25. Ⅵ 1861) – триесет и први османлиски султан, познат како „Гази”. Владеел и во Македонија (3. Ⅶ 1839 – 25. Ⅴ 1861). Го издал прочуениот државно-правен акт Хатишериф (3. XI 1839), наречен уште и Ѓулхански хатишериф, со кој државата им ги гарантирала имотот и слободата на сите поданици. Со новиот хатишериф, т.н. Хатихумајун (18. Ⅱ 1856), им биле зголемени правата на христијаните во Империјата. ЛИТ.: Х. Ганем, Етудес д’ хистоире ориентале лес султанс оттоманс, т. Ⅱ, Парис, 1902; Х.-Ј. Корнрумпф, Биограпхисцхес Леџикон зур Гесцхицхте Сüдостеуропас, Сüдостеуропаисцхе Арбеитен, 75/ Лиеф. 1, Мüнцхен, 1972. Ј. Јан.