АБДУЛ АЗИС

АБДУЛ АЗИС (Истанбул, 9. Ⅱ 1830 – Истанбул, 4. Ⅵ 1876) – триесет и втори османлиски султан, кој владеел и во Македонија (27. Ⅴ 1861 – 1. Ⅶ 1876). Ги продолжил реформите во Империјата, земал големи заеми и давал концесии за изградба на железнички линии. Во негово време, до востанијата во европските владенија: во Босна и Херцеговина (1875), Априлското востание во Бугарија (1876) и Разловечкото во Македонија (1876), ескалирала Источната криза, а султанот бил принуден да абдицира. Султанот Абдул Меџид Ⅰ