АБАЗИ, Неџат (Абази Неџхат)(с. Колибари, Кичевско, 1948) – педагог и унив. професор. Основно и средно училиште завршил во Кичево, учителска школа во Скопје и Филозофски факултет (Група за педагогија) во Приштина. Магистрирал на тема „Развојот на албанските училишта во Македонија (1945–1958)” на Приштинскиот универзитет, а докторирал на Универзитетот во Тирана на тема „Развојот на образованието, училиштата и педагошкото мислење на Албанците во Република Македонија (1830–1912)”. Работел како учител, наставник во гимназија и како советник во Педагошкиот завод во Скопје. Сега е професор по педагогија на Тетовскиот државен универзитет. Покрај наставно-педагошката дејност, објавил повеќе од 100 научни трудови од областа на педагогијата. А. П.