АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов (с. Аџалари, ден. Миладиновци, Скопско, 1880 – Скопје, 14. XI 1909) – скопски војвода на ВМОРО. Како обучен комита (од пролетта 1903), зел учество во Илинденското востание. Подоцна бил скопски војвода и учествувал во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско (1905). По Младотурската револуција (1908) се легализирал во Скопје, поддржувајќи ги санданистите и федералистите и бил особено популарен сред скопското граѓанство. Бил убиен на домашната порта од заседа на османлиските власти. Неговиот погреб се претворил во голема демократска демонстрација, а убиецот ќор Расим бил обесен кај Камениот мост. ЛИТ.: З. Петров, Под „В” – војводите македонски. Кој и што се „крие” зад имињата на скопските улици? (ИВ), „Нова Македонија”, ЏЛВИ, 15580, Скопје, 10. Ⅵ 1990, 5. С. Мл. Илија Аџиевски, Сеќавање (1996)