АЈГИ, Генадиј (Генадий Айги) (Зајмурзин, РФ, 31.Ⅷ 1934) – поет, есеист и преведувач, по националност е Чуваш; од 1960 г. се определува да пишува на руски јаГенадиј Ајги зик (до тогаш пишува на родниот чувашки). Неговите книги се објавувани во повеќе европски земји. Во 1993 г. е добитник на Златниот венец на СВП. БИБ.: На чувашки јазик објавил седум книги: Музика за цел живот, 1962; Од името на татковците, 1958; Чекор, 1964; Расветлување, 1971; Јазол, 1975; Песни, 1980; Тестамент, 1988; Полиња близнаци, 1987; Три поеми за Малевич, 1989 и Сега постојано снег. ЛИТ.: Јован Павловски, Песната како дел на светот, „Поезија”, Струга, 1993. П. Гил. Љубомир Ајдински