ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија

ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1915 – Скопје, 18. Џ Илија Џувалековски 2004) – театарски и филмски актер, професор на ФДУ во Скопје. Еден од втемелувачите на македонскиот современ театар. Во втората половина на 1944 г. е испратен во Москва за да ги води емисиите на македонски јазик на Радио Слободна Југославија. УЛОГ: Поцко („Чорбаџи Теодос“), Виќа („Сомнително лице“), Отело, Егор Буличов, Гоце (во истоимените дела), Тетерев („Малограѓани“), Сатин („На дното“), Игнациј Глембај („Господа Глембаеви“), Лембах („Во агонија“), Луков („Црнила“), Лир („Крал Лир“), Таткото („Црна дупка“) и др. Настапувал на сцената на Хрватско народно казалиште во Загреб (19631971). По враќањето во Скопје настапува во улогите: Тевје („Свирачот на покрив“) и др. Ги превел оперските либрета: „Волшебната флејта“, „Манон“, „Отело“, „Самсон и Далила“, „Свирач на покрив“, „Травијата“. НА ФИЛМ: „Волча ноќ“, „Виза на злото“, „Каде по дождот“, „Републиката во пламен“, „Зовриен град“, „Црвениот коњ“ и многу др. Р. Ст. Натпревар во џудо