ЏИКОВ, Златан Трајков (Скопје, 10. Ⅹ 1935) – гинеколог-акушер, генетичар. Мед. ф. завршил во Скопје во 1961 г., каде што и предавал. Докторирал и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа (особено во ВеЏИКОВА лика Британија и Германија) во областа на преднаталната дијагностика, хуманата генетика и молекуларната биологија. Основоположник е на првата Лабораторија за хумана генетика и преднатална дијагностика во РМ. Коавтор на прирачникот за лекари „Современа дијагностика и терапија во медицина“ (2000). З. Џ.