ЏАМБАЗОВ, Игор

ЏАМБАЗОВ, Игор (Скопје, 15. Ⅶ 1963) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1987). Член на Драмскиот театар (1987–1992), а потоа во Драмата на МНТ (1992–2005). Настапувал и на филм, а остварил исклучителна естрадна кариера промовирана низ масовните медиуми. УЛОГ: Занек („Стапица“), Пит („Спасени“), Ацо шпирт („Чија си“), Џанго и Црни („Грев или шприцер“), Мане („Буре барут“). НАСТАПУВАЛ ВО ФИЛМОВИТЕ: „Македонскиот дел од пеколот“, „Викенд на мртовци“, „Збогум на дваесеттиот век“ и др. Р. Ст.