ЏАМБАЗ, Даре

ЏАМБАЗ, Даре (Прилеп, 1. Ⅹ 1911 – Скопје, 27. И 1981) – фармацевт, борец, државник. Дипломирал фармација во Загреб (1935). Веднаш по окупацијата на земјата (1941) стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942–1943). По Втората Светска војна бил член на АСНОМ – на Третото заседание (1945), министер во Владата на Л. Колишевски (1946–1951), како и во Владата на Љупчо Арсов (1953). Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на РМ, а вршел и др. општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател с“ до неговата смрт. Бр. Н. Џ