ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАВКОВА, Ката (Велес, 11. ⅩⅠⅠ 1951) – поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Заг-Ката ќулавкова реб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература на ИНАЛЦО во Париз. Била претседател на Македонскиот ПЕН-центар. Во есејот „Пред поезијата на Катица ќулавкова“, акад. М. Матевски сублимно забележува: „Носејќи во себе импресивен квантум на информации, знаења и сознанија од една богата лектира во широк интелектуален и мисловен историско-географски и културен распон, со сигурни фундаменти во естетиката, поетиката и лингвистиката, врз разградениот стандарден јазик, синтакса и структура на песната Катица ќулавкова не продолжува да урива и брише, туку ја остварува и потврдува својата концепција на лиризмот, својата творечка постапка, своето начело на еден „говор на созвучност, на виша речитост во која кореспондираат звукот и значењето…“, својата „лична и нетипична претстава на светот и човекот“. БИБ.: Благовести, поезија, 1975; Акт, поезија, 1978; Нашиот согласник, поезија, 1981; Нова пот, поезија, 1984; Фигуративниот говор и македонската поезија, студии, 1984; Невралгични места – Неуралгична места, двојазично издание, Вршац, поезија, 1986; Стапка и отстапка, огледи и критики, 1987; Дива мисла, поезија, избор, 1989; Жедби, престапни песни, поезија, 1989; Друго време, поетска проза, 1989; Копнеж по систем, студии и критики, 1992; Домино, поезија, 1993; Потход и ис-ход, критики, 1996; Изгон на злото, поезија, 1997; Камен искушител, критики, 1997; Теорија на книжевноста, 1999; Македонскиот есеј, 2000; Меѓусвет, поезија, 2000; Херменевтика и поетика, хрестоматија, 2003. ЛИТ.: М. Друговац: Поетика на лириката во кн. Огледало и светилка, 1991; В. Урошевиќ: Еротика како поетика во кн. Астролаб, 2000. П. Гил.