ЌОСЕВА, Слободанка (Штип, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Универзитетот МХТИ во Москва (1969), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1989). Имала студиски престои во многу земји на Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а редовен професор од 2000 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Подрачје: хемија и физичка хемија на полимери, синтеза на полимери и нивно карактеризирање, рециклирање на отпадни полимери. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 758, од 28 Ⅵ 2000 г., стр. 112; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 91.Св. Х. Ј. Владимир ќосевски