ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле (Прилеп, 18. В. 1928 – Скопје, 22. Ⅵ 2008) – филолог, учебникар, културолог. Гимназиското образование го завршил во Прилеп, а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ, со специјалност историја на македонскиот јазик и дијалектологија) во Скопје (1954). Работел како редактор во Радио Скопје (1. Х 1953 – 1. Ⅳ 1954), по што преминал во Издавачкото претпријатие „Просветно дело“, каде што го поминал целиот работен век, првин како уредник, потоа директор (1969–1978) и повторно како уредник. Еден е од авторите на првите повоени двојазични речници: Српскохрватско-македонски речник (со Ѓ. Милошев, Б. Благоески, А. Џукески, 1964); Македонско-албански речник (со Љ. Руси) и Македонскотурски речник (со К. Сејфула, 1967). Особено се пројавува како коавтор на учебници за основното и за средното образование (за училиштата со македонски, албански и турски јазик). ЛИТ.: Библиографија на Издавачкото претпријатие „Просветно дело“ 1945– 1970, Скопје, 1970; Библиографија на Работната организација „Просветно дело“ 1970–1985, Скопје, 1985; Македонски книжевни преведувачи. Лексикон, Скопје, 1994. С. Мл. Васил ќортошев ќОРТОШЕВ, Васил (Богданци, 7. И 1920 – Скопје, 3. Ⅱ 1992) – оперски певец, тенор и режисер. Студирал пеење на Софиската музичка академија (проф. Брмбаров), а дипломирал (1952) на Филозофскиот факултет во Скопје. Како еден од нејзините основачи, во Операта на МНТ работел од 1947 до 1980 г. Позначајни улоги: Педрил (Грабнување од сарајот), Гроф Алмавива (Севилскиот бербер), Алфред Жермон (Травијата), Ленски (Евгениј Онегин), Вашек (Продадена невеста). Како оперски режисер дебитирал во 1958 г. со режијата на операта Анжелика. Тој е автор на повеќе од 25 обнови и сопствени режии на оперите: Алберт Херинг, Бал под маски, Дон Карлос, Набуко, Норма, Пајажина, Портретот на Џени, Плаштот, Разделба, Фиделио. Џоконда, Оџачарчето Сејм. Успешен директор на Операта и балетот на МНТ (1971– 1975). Во 1972 бил иницијатор, основоположник и долгогодишен организатор на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Ф. М. Кирил ќортошев ќОРТОШЕВ, Кирил (ќустендил, Бугарија, 14. Ⅴ 1922 – Скопје, 11. Ⅴ 2003) – актер во Драмата на МНТ. Првиот ангажман како професионален актер го имал во 1945 г. Подоцна кариерата ја продолжил на сцените на народните театри во Штип и во Прилеп. Неколку сезони поминал во Драмскиот театар во Скопје. Освен со актерство, се занимавал и со режија, особено на детската сцена. УЛОГ: Магбет (во истоименото дело), Том („Стаклена менажерија“), Перчихин („Малограѓани“), Аритон („Ѕидот, водата“), Алојзие Зилбебрант („Господа Глембаеви“) и др. Р. Ст.