ЌАТИБ, ХАСАН

ЌАТИБ, ХАСАН (Битола, ⅩⅤ / ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Битола. Станал секретар на Синан-паша, големиот везир на султанот Селим И (1512–1520). Пишувал песни во хроностихови, а најзначајна му е песната испеана по повод освојувањето на Бел-град од султанот Сулејман. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998. Др. Ѓ. ќЕЛИЈНИ УЧИЛИШТА – вид религиозни воспитно-образовни установи, кои речиси биле единсќ Конакот на манастирот „Св. Јован Бигорски“, каде што работеле ќелијни училишта твени во просветно-школскиот живот во Македонија с“ до средината на ⅩⅠⅩ в. Датираат од крајот на Ⅸ и почетокот на Ⅹ в., а ги отворале учениците на св. Климент и св. Наум. Долго време (речиси цело средновековие) дејствувале во рамките на манастирите и вршеле функција на елементарни училишта на црковната писменост и образование и биле познати под името (в.) манастирски ќелијни училишта. Во првата половина на ⅩⅤⅠⅠ в. ќелијни училишта се отвораат и во градовите, при црквите, поради што и биле нарекувани црковни училишта. Освен на црковна писменост, децата во овие училишта биле поучувани и на црковно пеење, како и на црковниот ред и богослужба. Најраспространети биле општинските ќелијни училишта. Се појавуваат во почетокот на ⅩⅠⅩ в., а биле отворани и издржувани од месните црковно-училишни општини. школувањето во нив било бесплатно, така што биле широко прифатени од населението. До средината на ⅩⅠⅩ в. ги имало, речиси, во сите градови и села. Освен писменост и религиозно образование, во некои од нив се вклучувани и световни образовни содржини. Со развојот на световните училишта (в.) постепено го губат своето значење и се среќаваат под името старовремски училишта. Скопје, 2002. К. Камб.