ЉУБИНКОВИЌ, Радивое

ЉУБИНКОВИЌ, Радивое (шабац, Србија, 31. Ⅰ 1910 – Белград, 22. Ⅹ 1979) – автор на првата монографија за црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново. Во коавторство со М. ќоровиќ, Љубинковиќ ја објавил студијата за средновековното сликарство во Охрид. Ги раководел ископувањата во „Св. Софија” во Охрид, од каде што произлегуваат и неговите истражувачки резултати. Познати се и други негови студии. Се занимавал и со историјата на Охридската архиепископија (Патријаршија) во времето на цар Самуил и по падот на неговото царство. БИБ.: Стара црква села Курбинова, „Старинар”, Ⅲ, сер. књ., ⅩⅤ (1940), Београд, 1942, 101-123; Средновековното сликарство во Охрид, Зборник на трудови, Охрид, 1961, 101-106; Света Софија у Охриду, Конзерваторски радови на цркви Св. Софије у Охриду, Београд, 1955, 15-18; Лес инфлуенцес де ла вие политиљуе цонтемпораине сур ла децоратион дес еглисес д’Охрид, Ацтес ду ЏИИЕ Цонгрес интернатионал д’етудес бѕзантинес, Ⅲ, Белград-Оцхриде 1964, 222-224; Ла пеинтуре мурале ен Сербие ет ен Мацедоние ауџ ЏИе ет ЏИИЕ сиецле, IX Цорсо ди цултура сулл’арте ревеннате е бизантина, Равенна, 1962, 410-422. Цв. Гр.