ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА – доцноантички град, седиште на истоимена архиепископија. Името го добива по својот основач царот Јустинијан И (527–565); градот е изграден (535) во родното место на царот – Тавурисион (ден. с. Та-ор, Катланово). Со царски декрет станува центар на политичко-административната, на црковната и на воено-стратегиската власт во префектурата Илирик. Архиепископијата Јустинијана Прима влегува во средновековните црковни канони како автокефална црковна организација во Македонија; црковната традиција ја поврзува со Охридската архиепископија; затоа охридските архиепископи од Ⅻ до ⅩⅣ в. ја носат титулата „архиепископи на Јустинијана Прима”. Таа традиција се изразува и во стремежот и барањата на македонските преродбеници за автокефална црква во ⅩⅠⅩ в. Местоположбата на градот археолошки не е утврдена; според хипотезата дека градот е во близина на Таврисион (но и според други релевантни аргументи), убикацијата на Јустинијана Прима е на скопската тврдина – Кале. ЛИТ.: Цорпус иурис цивилис, Новеллае. Рец. Рудолф. Сцхоелл, Беролини МЦМЏИИ; А. Еванс, Антиљуариан Ресеарцхес ин Иллѕрицум, ИВ: Скупи, Скопиа анд Тхе Биртхлаце оф Јустиниан, „Арцхаеологиа”, Вол. 49, 1, Лондон, 1885; А. шукарова, Јустинијана Прима, Скопје, 1994; ЉубинковиÊ, Традиције Прима Јустинијане у титулатури охридских архиепископа, „Старинар”, ⅩⅤⅠⅠ, Београд, 1967; И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982. А. шук.