ЈУСТИНИЈАН Ⅱ

ЈУСТИНИЈАН Ⅱ (669–711) – византиски цар (685–695, 705–711), син на Константин Ⅳ. Војувал против Арабјаните, против Бугарите и против Склавиниите. Потчинил голем број Словени во Македонија (688/9) и ги преселил во Мала Азија. Бил симнат од престолот, му бил исечен носот и бил протеран на Херсонес. Со бугарска помош, по десет години се вратил на престолот. Бил убиен за време на една побуна. ЛИТ.: Ц. Хеад, Јустиниан Ⅱ оф Бѕзантиум, Мадисон, 1972. К. Аџ.