ЈУРУКОВСКИ, Димитар

ЈУРУКОВСКИ, Димитар (с. Галичник, 1942) – градежен инженер, редовен професор. Градежен факултет завршил во 1966 г., а магистрирал во 1970 г. и докторирал на Универзитетот во Белград (1980). Од 1970 г. работи во ИЗИИС, почнувајќи од асистент па сè до редовен професор. Бил раководител на ЛДИ, заменик-директор (1981–1985) и директор (XI 1985 –Ⅻ 1997). Престојувал на повеќе универзитети во странство. Осум години бил член на Управниот одбор на Светската асоцијација за земјотресно инженерство, а сега е член на Управниот одбор на Европската асоцијација за управувани конструкции. Член е на издавачки одбори на три меѓународни списанија. Бил претседател на Комисијата за меѓународна научна соработка на СФРЈ. Сега е постојан претставник на Република Македонијаво Советот на Европа за намалување на последиците од природните и технолошки катастрофи. На постдипломските студии држи предавања по Експериментална механика, Управувани конструкции и Специјални поглавја од интелигентни материјали. Има објавено голем број научни трудови, реализирал повеќе меѓународни проекти и добитник е на национални и меѓународни признанија. К. Тал. Јован Јуруковски ЈУРУКОВСКИ, Јован Николов