ЈУГОСЛОВЕНСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСТВО – идеолошки производ на политичките структури на југословенскиот систем. Имала пропагандна цел за поуспешно решавање на националното прашање врз замислените принципи на АВНОЈ. Во националните тензии по 60-тите години на ХХ в., овој термин бил користен како инструмент за неутрализирање на националното чувство во насока на создавање нова „југословенска нација”. Во Македонија како Југословени се декларирале главно лица што биле национално неопределени, но некои и заради остварување на кариеристички цели. Н. В.