ЈОСИФОВСКИ, Јосиф

ЈОСИФОВСКИ, Јосиф (Велес, 29. Ⅷ 1927 – Битола, 21. Ⅴ 2001) – актер, режисер и сценограф. Бил член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес (1950–1958); во Народниот театар „Војдан Чернодрински” во Прилеп (1958–1962) и во Народниот театар во Битола (од 1962). УЛО.: Јеротие („Сомнително лице”), Зганарел („Со сила лекар”), Клаудиј („Хамлет”), Јаго („Отело”), Јордан („Последните селани”) и др. РЕЖИИ: „Покондирена тиква”, „Лажа и паралажа” и др. СЦЕНОГРАФИИ: „Покондирена тиква”, „Жена сотона”, „школа за жени и др. Р. Ст. Јосиф Јосифовски -Свештарот ЈОСИФОВСКИ, Јосиф Вангелов