ЈОН, Милош (Сутјеска крај Зрењанин, 3. Ⅶ 1930) – поет, преведувач и есеист. Дипломирал филозофија на Универзитетот во Белград, а постдипломски студии завршил на Сорбона во Париз. Од 1964 г. живее и работи во Малме, шведска, како професор по француски, романски и српски јазик. Почесен член е на ДПМ. БИБ.: Пупки, Вршац, 1953; Од денес до утре, 1953 и др. Составувач е на антологијата на современата македонска поезија, објавена на шведски (Малме, 1989), а во негов избор и превод на шведски јазик објавил книги од М. Матевски, Г. Тодоровски и Р. Павловски, како и Вест Ауст од Б. Павловски.ЛИТ.: Т. Чаловски: Поезија со јасен етички став, во книгата Прочит, Ск., 2002. П. Гил. ЈОНОСКА, Мирјана (Скопје, 5. Ⅲ 1938) – физичар, ред. проф. (1983) на ПМФ. Дипломирала (1960), магистрирала (1972) и докторирала (1975) на ПМФ со тема за дифракција на кружните препреки со асиметрична транспаренција и фаза. Специјализирала во Брајтон. Објавила повеќе од 100 статии главно од физичката опти-Мирјана Јоноска ка, и повеќе од 100 стручни и популаризаторски написи, два универзитетски учебника и повеќе средношколски. На ПМФ во текот на неколку децении предавала општа физика, електромагнетизам и демонстрациони експерименти од физика. Била продекан на Факултетот за физика (1979–81) и претседател на ДФМ (1986–88). БИБ.: Природно-математички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 160; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 169. В. Ур. Јоргован (лилјаче)