ЈИСРАЕЛ ТЕХИЈАТ

ЈИСРАЕЛ ТЕХИЈАТ (Израелска преродба) (Скопје, 1919) – младинска еврејска организација. Основач бил Давид бен Јаков Ха-сон (1893–1923), ционистички активист, кој ги одушевувал младите со своите идеи. По неговата смрт организацијата претрпела криза сè до доаѓањето на Адолф Барух, кој повторно ја заживеал. Целокупната еврејска младина (над 14 години) била ангажирана во организацијата. Заедничкото дружење помеѓу момчињата и девојчињата, па макар и во спортските активности, претставувало причина за силни реакции од патријархалните елементи. Набрзо биле основани две одделни младински спортски екипи: „Бене Исраел” (машка) и „Макаби” (женска) екипа. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.