ЈЕГУНОВЦЕ

ЈЕГУНОВЦЕ – село во Тетовско. Се наоѓа во крајниот источен дел на Долнополошката Рамнина, од левата страна на р. Вардар, на надморска висина од 400 м. Со Тетово е поврзано преку регионален пат. Има 846 ж. од кои 804 се Македонци, 21 Роми и 13 Срби. Населението главно е вработено во металургискиот комбинат СИЛМАК. Седиште е на општина што зафаќа површина од 17.693 ха, има 17 населени места со 10.790 ж. Во селото постои осумгодишно училиште, здравствена станица и голем металургиски комбинат за добивање феросилициум и ферохром. Ал. Ст.