ЈАНЕВА, Билјана Љупчова (Бел-град, 2. Ⅶ 1950) – математичар, ред. проф. (2000) на ПМФ. Дипломирала (1973), избрана за асистент (1974) на ПМФ, магистрирала (1981) на ПМФ во Загреб, а докторирала (1989) на ПМФ во Скопје со темата „Некои класи полиадични полугрупи и групи”. Таа е автор или коавтор на повеќе научни трудови од областа на алгебрата, учесник во научни проекти и научни конференции со свои реферати и раководител на постдипломски студии. Билјана Јанева БИБ.: Вовед во теоријата на множествата и математичката логика, Скопје, 1996. ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 669/’96. Н. Ц.