ЈАНЕВ БРЛО, Иван

ЈАНЕВ – БРЛО, Иван . (с. Горни Балван, Штипско, 1877 – ќустендил, Бугарија, 28. Ⅷ 1925) – припадник на ТМОРО и на ВМРО, Штипски војвода. Во 1902 бил во четата на Е. Чучков, а од 1907 бил војвода во Штипско. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна во Бугарската армија. По војната, како војвода на ВМРО извршувал комитски акции и криминални дела во Вардарскиот дел на Македонија. Бил близок соработник на Т. Александров. Бил осуден на смрт од ЦК на ВМРО на Иван Михајлов и убиен. ЛИТ.: Петар шанданов, Спомени. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2002; истиот, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997. З. Тод. Ратко Јанев