ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТАНБЕН И СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА РМ, Скопје

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТАНБЕН И СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА РМ, Скопје – формирано е како Завод за проектирање, студии и надзор (1954), кој со натамошната трансформација го менувал името. Има најголемо учество во изградбата на градот Скопје по земјотресот (1963). Изградени се бројни деловни и станбено-деловни објекти: ГТЦ, станбен комплекс Градски ѕид, театри, кина, библиотеки, Универзална сала, голем број од новите населби во Скопје (Карпош, Капиштец, 11 Октомври, Чаир, Аеродром, Ново Лисиче, Скопје Север, Радишани и др.), Од 1976 до 2005 г. се изграде2 ни 22.313 станови или 1.338.780 м станбено-деловна површина. ИЗВ.: Материјали од документацијата на ЈПСДП Скопје. Р. Д.