ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ

ЏАМИЈА НА СУЛТАН МУРАТ (ХУНЌАР ЏАМИЈА) (Скопје, 1436) – верски објект, споменик на културата. Изградена е под ктиторство на султанот Мурат Ⅱ (1421–1451). Настрадала во пожарот од 1689 г., по што била реновирана. Има отворен трем кој се потпира на четири камени столба, а внатрешната декорација датира од почетокот на ⅩⅩ в. Во дворот има две турбиња: турбе на Бејхан султан, со пет надгробни споменици и семејна гробница на Али-паша од Дагестан. Обновувана и во 1911 г., како и по земјотресот од 1963 г. Султан Муратовата џамија во Скопје (ⅩⅤ в.) ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 16–25; Афродита Таневска, Санационо-конзерваторски работи на Султан Муратовата џамија во Скопје, Културно историско наследство во СР Македонија, ⅩⅤⅠⅠⅠ, Скопје, 1983. Др. Ѓ. Хајдар Кадината џамија во Битола (ⅩⅤⅠ в.) ЏАМИЈА НА ХАЈДАР КАДИ