ЌУКА, Јорго

ЌУКА, Јорго (Крушево, 1947) – инж. технолог, долгогодишен директор на „ОХИС“ – Скопје, стопанственик и општественик. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „ОХИС“ бил од инженер во погон, главен инженер, директор на погон и генерален директор (1987–2008). Бил претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи. Св. Х. Ј.