ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌОСТАРОВ, Димитар (Ичера, Бугарија, 25. Ⅷ 1912 – Охрид, 14. Ⅲ 1997) – актер, режисер и педагог. Еден од втемелувачите на современото театарско дело во Македонија. Завршил Виша театарска школа во Софија. Во Скопје пристигнува во 1941, како актер на новооснованиот бугарски Народен театар. Брзо потоа се вклучува во илегалната дејност, а подоцна стапува во НОБ. По Војната е прв управник на МНТ, директор на Драмата на МНТ, драмски и филмски актер. Се занимава и со педагошка дејност во Средната театарска школа и на ФДУ во Скопје. Режира драмски дела, како и оперски („Тоска“) во својата матична куќа и во други театри. РЕЖИИ: „Платон Кречет“, „Татков дом“, „Тартиф“, „Сомнително лице“, „Покојник“, „Доходно место“, „Женидба“, „Како што милувате“, „Коштана“, „Задруга“, „Гоце“, „Интрига и љубов“, „Селската учителка“, „Мома без мираз“, „Госпоѓа министерка“, „Отело“, „Ревизор“, „Нора“, „Пикник“, „шума“, „Галеб“, „Млади синови“, „Волпоне“, „Смртта на губернаторот“, „Како што милувате“, „Коломба“, „Градскиот саат“ и др. Р. Ст. Јорго ќука