ЈУСТИНИЈАН Ⅰ

ЈУСТИНИЈАН Ⅰ (527–565) – ромејски император, кој за последен пат ја возобновува Римската Империја, спојувајќи го Источното со Западното Римско Царство. За да воспостави силна ромејска власт, ги ликвидирал државите на Вандалите (534) и на Остроготите (555), ја освоил Југозападна шпанија од Визиготите, го задушил востанието „Ника” во Цариград (532). Го осудил монофизитизмот, ја затворил паганската Академија во Атина (529). На Балканот војувал против Словените, Аварите и против Бугарите. Го кодифицира римското право во „Цорпус иурис цивилис” – темел на политичкиот систем во Византија, но и на подоцнешната монархиска власт на Западна Европа. За да ја заштити државната територија од честите напади на „барбарите”, ги обновува старите и гради многу нови градови; северната граница ја штити со систем на утврдувања – дунавски лимес. Во неговиот роден крај, малото место Таврисион (с. Таор, кај Катланово), го основа градот Јустинијана Прима (535), седиште на истоимената архиепископија; Јустинијана Прима е политички, административен, црковен и военостратегиски центар на префектурата Илирик (земјите на Балканскиот Полуостров). Во Македонија (Прва и Втора) подигнал или обновил 46 утврдувања. Извршил кодификација на римското право. Во негово време биле изградени црквите „Св. Софија” во Цариград, „Сан Витале” во Равена и др. ЛИТ.: Ј. А. Еванс, Тхе Емперор Јустиниан анд тхе Бѕзантине Емпире, Њестпорт / Цоннецтицут, 2005; Цорпус иурис цивилис, Новеллае. Рец. Рудолф. Сцхоелл, Беролини МЦМЏИИ; Процопии, Цаесариенсис Опера Омниа. В. Ⅲ 2, Ⅵ либ. Де аедифициис, Рец. И. Хаурѕ, Липсиае, МЦМЏИИИ; А. Еванс, Антиљуариан Ресеарцхес ин Иллѕрицум, Парт Ⅳ: Скупи, Скопиа анд Тхе Биртхлаце оф Јустиниан, Арцхаеологиа Вол. 49,1, Лондон, 1885; Острогорски, Историја Византије, 1969; А. шукарова, Јустинијана Прима, Скопје, 1994. А. шук. и К. Аџ.