ЈУАН, Лу

ЈУАН, Лу (Лу Јуан) (Вухан, провинција Хубеи, 3. Ⅶ 1922) – еден од најзначајните современи кине-ски поети. По излегувањето на неговите Избрани дела, кога станал и добитник на Големата национална награда за поезија за стихозбирката Друга песна, бил прогласен за најголем жив кине-ски поет. Тој е и еден од најголемите кинески преведувачи (Гете, Рилке, Хегел и др.). Во 1998 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Нов почеток; Сосредоточување; Поема за човекот; Страк трева; Недогорена книга. ЛИТ.: Џанг Тонгву, Духовното јадро на поетските дела на Лу Јуан, „Поезија”, СВП, Струга, 1998. П. Гил.