ЈОВАНОВИЌ, Воислав С

ЈОВАНОВИЌ, Воислав С. (Бел-град, 1930 – 2005) – археолог. Живеел, се школувал и работел како професор по средновековна археологија на Филозофскиот факултет во Белград. Неговите професионални преокупации, често, се врзуваат за регионот на Македонија (како, впрочем, и личните, со оглед на неговите семејни корени од Кичевско). Со својата докторска дисертација за словенските некрополи од Србија, Македонија и од Бугарија ги поставил научните стандарди за средновековната фунерарна археологија во овие области. Истовремено ги проучувал накитот, мозаиците, натписите, црквите, археолошките материјали од Косово и особено градовите како Ново Брдо, Звечан, Рас и др. Со своите студии навлегува и во археолошката проблематика на ⅩⅤ–ⅩⅤⅠ в. БИБ.: В. С. ЈовановиÊ, Прилог проучавању средњовековног прстења у СР Србији и СР Македонији, ГМГБ ЏЏВ, Београд 1978; В. С. Јовановиќ, Прилози хронологији среднјовековних некропола Југославије и БугарскеИиИИ, „Балцанославица”, 6, „Балцанославица”, 8, Прилеп, 1977, 1979; В. С. ЈовановиÊ, Ново Брдо, средњовековни град, Београд 2004. ЛИТ.: Библиографија Филозофског факултета, Ⅹ, Београд, 24-29. Ел. М.