ЈАСЕН

ЈАСЕН .(Фраџинус Л., фам. Олеацеае) – кон овој род припаѓаат околу 80 вида од умерените подрачја на Северната хемисфера. Дрвја, ретко грмушки, со непарно перести листови, спротивно поставени. Еднодомни или дводомни, со цветови собрани во метлести, терминални или во странични соцветија. Плодовите се издолжени, крилести оревчиња. Кај нас се автохтони следните видови: а) јасен (горски јасен, бел јасен) (Фр. Еџцелсиор Л.) – големо дрво со европски ареал. Сложените листови се составени со 9–17 елипсовидни ливчиња. Плодот е плоснато, крилесто оревче. Во Република Македонијае застапен единечно, покрај планинските реки во дабовиот и во буковиот регион; б) полски јасен (Фр. ангустифолиа Вахл.) – големо дрво со ареал во Јужна Европа, Западна Азија и во Северна Африка. Сложените листови се со 7–17 тесни ливчиња. Плодот е плоснато, крилесто оревче. Кај нас е ретко застапен покрај реките во субмедитеранот. Регистриран е и неговиот влакнав подвид ссп. паллисае Фук.; в) црн јасен (Фр. орнус Л.) – мало дрво, распространето низ Јужна Европа, Мала Азија и низ Северна Африка. Сложените листови имаат 5–9 кожести, овални ливчиња. Цветовите се хермафродитни, бели, миризливи, собрани во исправени, терминални, метлести соцветија. Плодот е овално, крилесто оревче. Кај нас е масовно присутен во дабовиот и во регионот на белиот габер. Ал. Анд. шумскиот резерват „Јасен”