ШУТАРКА

ШУТАРКА – музички инструмент, надолна цевка од дрво или трска со вметната писка на горниот дел, со ист број мелодиски отвори како кај гајдарката на гајдата. Така е наречена, бидејќи на долниот дел го нема свиеното рокче што го облагородува то-нот. Без другите делови на гајдата, на неа свират децата како подготовка за свирење на гајда. Таа е карактеристична за бугарските гајди, чиј тон се разликува од македонските, коишто имаат свиено рокче на гајдарката. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 97. Ѓ. М. Ѓ.