ШУНДОВСКИ, Сотир

ШУНДОВСКИ, Сотир (с. Гопеш, 28. Ⅱ 1933 – Битола, 17. Ⅲ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Бел-град (1960). Се занимава со архитектонско проектирање, работејќи во повеќе проектантски бироа во Битола. Неговиот опус е разновиден. Проектирал повеќе општествени, здравствени и административни згради од кои, позначајни се: Општата болница во Битола (1968), Основниот суд во Битола (1970), Управната зграда на ГП „Пелистер“ (1977), хотелот „Молика“ на Пелистер (1990), Трговскиот центар „Санпромет“ во Битола (1997). Кр. Т. Свирач на шупелка