ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. За стопанисување со шумите за стопанска намена (заштита, одгледување и користење), Владата на РМ формира Јавно претпријатије за стопанисување со шумитеМакедонски шу-ми“. Ова претпријатие фунционира со: една централна дирекција, 30 подружници или шумски стопанства, Управен одбор и Надзорен одбор. ЈП „Македонски шу-ми“ го раководат: генерален директор, заменик на генералниот директор, осум помошници-директори одговорни за посебни сектори (правен, финансов, комерцијален, за план и анализа, за ловство и ловен туризам, за заштита, одгледување и екологија, за производство на сортименти и преработка, за уредување и планирање на шумите) и триесет раководители на подружници (шумски стопанства). Своето материјално и финансиско работење ЈП го врши преку единствена жиро-сметка. Работењето на менаџерскиот тим го разгледува, го одобрува и го следи Управен одбор раководен од претседател, а контролата ја врши Надзорен одбор. Ал. Анд. Сотир шундовски