ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА

ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА – самостојна организација формирана од Владата на НРМ (1951) со цел да помага во изведувањето на теренската настава, научноистражувачката и апликативната дејност на шумарскиот факултет. Во текот на 1976 г. е интегрирана како посебно одделение на Факултетот. Располага со следните објекти: а) с. Трубарево, на 5 км од Скопје, арборетум, семениште, растилка на 3,3 ха, други површини на 8 ха, ловиште со волиери, чеки, хранилишта, просеки на 14,6 ха и помошни згради; б) објекти во факултетскиот двор: дендропарк и растилка на 4,05 ха, 2 стакларник на 200 м и административна зграда; в) расадник, дендропарк и огледни површини во Крушево на 40 ха. Ал. Анд.