ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ

ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ – предизвикувачи на најголеми оштетувања во шумските екосистеми, кои за многу кратко време можат да нанесат катастрофални штети врз целокупниот растителен и животински свет во нив. Постојат повеќе класификации на шумските пожари, но најчеста е поделбата според висината на објектот што гори, па имаме: подземни и приземни пожари, на пенушки, на стебла, високи и комбинирани. Во шумите на РМ главен причинител на појавата пожари е невниманието на човекот. Регионите во кои често се појавуваат шумски пожари (есенскиот и летниот период) се: Гевгелиско-валандовскиот, Велешкиот, Прилепскиот, Битолскиот и Скопскиот. Ст. Н. Расадник на дабови дрвја