ШУМКА, Диме

ШУМКА, Диме (Цер, Кичевско, 11. Ⅲ 1921 – Скопје, 20. Ⅹ 1999) – филмски сценограф. Во „Вардар филм“ започнува да работи на првиот игран филм „Фросина“ (1952) како изведувач. Веќе во „Волча ноќ“ (1955) и по него работи самостојно како сценограф. Има реализирано 18 филма, од кои четири се кратки играни и осум играни. В. Масл.