ШУМАРСТВО

ШУМАРСТВО. шумите во РМ зафаќаат повеќе од една третина од вкупната територија. Но шу-мите се уништувале уште од поранешните историски периоди. Главни начини за уништување или за нерационално користење биле: сечењето, за да се добијат обработливи површини, особено кога Македонија била во Османлиската Империја, добивање пасишта за напасување на бројниот добиток, козарството (чување на неблагородни раси кози), сечењето за огрев, за производство на јаглен и катран и негрижата за одржување и пошумување. Така уште пред Втората светска војна шумите биле девастирани. Појави на нерационално користење, прекумерно и бесправно сечење на шумата имаше во целиот повоен период, а особено во последните децении на ХХ и во почетокот на овој век. шумите во РМ зафаќаат површина од 905.653 ха, или 35,2% од вкупната територија на Републиката (според пописот од 1979 г.). Во периодот од 1979 до 1996 г. се пошумени уште 110.000 ха, но резултатите од пошумувањето не се насекаде успешни или во целост се неуспешни. Околу 827.000 ха од шумите се во јавниот сектор, а 125.872 ха во приватниот. шумите се наоѓаат на целата територија на Македонија, но сепак претежно се распространети по периферијата, а најмногу во Западна Македонија или по должината на границите со соседните земји. Централниот дел – долината на Вардар, Овче Поле и Пелагонија – е обесшумен. Најголемиот дел од македонските шу-ми се ниски, па затоа не се поволни за експлоатација. Високите, т.е. најквалитетните шуми, кои се извор на суровини за преработувачката индустрија и служат како алиментациони подрачја, се распоредени на високите планини (над 700 м) и се доста оддалечени од поголемите населени места. Ситуацијата во шумарството е незадоволителна во однос на шумскиот фонд, експлоатацијата на етатот и на другите производи од дрво и во користењето на опремата. Дрвната маса е незначителна 3 (82,1 м /ха), годишниот растеж е 3 мал 2,02 м /ха (нормално тој изнесува 7–8). Учеството на четинарите е ниско (5,9% во чисти и 1,9%шумарскиот факултет, Скопје во мешовити насади). Од порастот на етатот 78,25% биле наменети за сечење. Од потенцијалниот етат се користи само 75%, што значи дека од вкупниот годишен раст се користи само 58%. Опременоста на шумарството со механизација (камиони, трактори, моторни пили) манифестира тенденција на значајно опаѓање во периодот 1989–1996 г. Средната годишна стапка раст на општествениот производ во шумарството изнесува 5,6% (период 1953–1988 г.) што коинцидира со средната стапка на растот за целото стопанство. Ситуацијата со дрвната индустрија, која опфаќаше две гранки: бичена граѓа и плочи и финални производи од дрво, исто така е незадоволителна. Капацитетите на пиланите изградени во минатото се користеа под 60%, а на новоизградените само 20%. Индустријата на финални производи од дрво се разви од шеесеттите години на минатиот век наваму, во седумдесеттите стана прилично значајна за потрошувачката за самото подрачје на Македонија, но во осумдесеттите години и таа влезе во општата криза. Пренос на пресечените дрвја ИЗВ.: Статистички годишник на Република Македонија, Државен завод за статистика, за соодветните години. ЛИТ.: Тодор Мировски, Стопанството на Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, МАНУ, Скопје, 1998; Никола Узунов, Стопанството на Република Македонија 1945–1990, МАНУ, Скопје, 2001; Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1997. Д. Н.