ШУМАРСКА БИБИОТЕКА

ШУМАРСКА БИБИОТЕКА. При раздвојувањето на шумарскиот и Земјоделскиот факултет (1975) беше поделен и книжниот фонд. Од тој заеднички фонд се формира библиотека на шумарскиот факултет, чија основна дејност беше набавката и обработката на претежно стручната литература, опслужување на наставнонаучниот кадар, студентите и на сите други што имаат потреба од неа. Посебна улога во збогатувањето на книжниот фонд имаше Службата за размена. Успешно работи институцијата библиотечно позајмување (привремено користење) од други библиотеки од земјава и од странство. Библиотеката располага со читална со 40 места. Книжниот фонд се состои од 7.162 книги, од кои 4.808 се уникати и 2.354 се дупликати. Списанијата (6.868) се странски (319), домашни (165), уникатни (6.011) и дупликатни броеви (6.868). Ал. Анд.