ШУЛАЈКОВСКИ, Марко

ШУЛАЈКОВСКИ, Марко (Дебар, 31. Ⅲ 1921 – Белград, 29. Ⅺ 1989) – учесник во НОБ. Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на КПЈ (1941). Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана (1942– 1943). По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада. Во НОАВМ извршувал разни воено-партиски должности. По Ослободувањето бил на служба во Македонија и во Србија. ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив. Тони шулевски