ШУКАРОВА, Искра

ШУКАРОВА, Искра (Скопје, 21. Ⅹ 1972) – балерина и кореограф. Балетската наобразба ја добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје (во класата на Ѓ. Јовановска). Оди на специјализација во Лион, Франција, (1993). Дипломира (2000) на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја на уметноста) со археологија. Магистрира (2002) во „Лабан“, центарот за танци и кореографија во Лондон. Станува член на Балетот при МНТ (1990). Истакнат солист, со смисла за драматуршко обликување на улогите. Од 1994 г. се занимава со кореографска дејност. Претставник е на модерниот балетски израз. Била директор на Балетот при МНТ (2004-2005). УЛОГ: Црвена жена („Пинк Флојд“), ИШТАР (Вангелис, „За непознатиот“), Мирта (А. Адам, „Жизел“) и др. КОРЕОГРАФИИ: „Пастели“ (М. Олфилд), „Инферно“ (А. шнитке) и др. Ем. Џ.