ШУКАРОВА, Анета

ШУКАРОВА, Анета (Скопје, 1. Ⅷ 1955) – класичен филолог и историчар, професор во ИНИ. Дипломирала на Филозофско-историскиот факултет (Група класични студии) во Скопје (1979). Била професор во гимназијата „Орце Николов“, а потоа преминала во Институтот за национална историја (1981). Магистрирала на тема „Јустинијана Прима“ (1991). Докторирала во ИНИ на тема „Атинските ретори и Филип Ⅱ Македонски“ (2001). Три години била професор по предметот Историја на античките Македонци на групата „Историја со архивистика“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови од областа на античкиот и рановизантискиот период. Учествувала на научни собири во земјата и во странство. БИБ.: Филип Ⅱ и атинските ретори, Скопје, 2003; Јустинијана Прима, Скопје, 1994; Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје, 2008 (коавтор). С. Мл. Искра шукарова