ШУВАКОВИЌ, Коста

ШУВАКОВИЌ, Коста (Беловајски Беденик, Хрватска, 27. Ⅲ 1919) – оперски певец, бас. Во Операта на МНТ работи од 1948 до 1974. Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот). Оровез (Норма), Марко (Еро од оној свет), Кецал (Продадена невеста), Теодорик (Цар Самуил), Гремин (Евгениј Онегин). Ф. М. Љубомир шукаров