ШТРКЛИ

ШТРКЛИ (Табанидае) – двокрилни инсекти, добри летачи со големина до 3 цм. Имаат устен апарат приспособен за боде-ње и за цицање крв. Познати се како крвопијци. Во спарните летни денови, особено пред дожд, го напаѓаат добиштркол токот, па и луѓето. Каснувањето е болно и чес-то со долготрајни отоци. Во светот се познати околу 3.000 видови. Во Македонија се регистрирани 20 видови, од кои, попознати се говедскиот штркел (Табанус бовинус Л.) и дождовниот штркел (Хаематопота плувиалис Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундер-пројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.